×
ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ ПРИ ВРШЕЊЕ НА ВИДЕОНАДЗОР
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на личните податоци кои Друштвото за производство, промет и услуги ЕКСПАНДА ДООЕЛ увоз -извоз Скопје (во натамошниот текст: Контролор) ги собира од вработените, клиентитите и посетителите при влез и посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
Зошто се собираат и обработуваат лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини :
- -да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите;
- -за да се спречи, одврати и доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап и да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или
- -закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места. Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага. Камерите за видеонадзор се инсталираат и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот - дворното место и паркинг простор.
Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Никола Симонов, вработен кај контролорт е лице за контакт и одговорно лице за видеонадзорот.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. На влезот на ЕКСПАНДА ДООЕЛ има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
Контролорот користи опрема за видеонадзор за :
- -заштита на сопственоста;
- -заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата;
- -обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор. До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на овластеното лице – управителот на друштвото .
Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на следната маил адреса: info@expanda.com.mk
Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје.
Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи.
Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање до Контролорот кога обработката е незаконска.
Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Што можам да направам во случај на проблем?
- a) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта и да побарате да преземе акција.
- б) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот. Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина. Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Оваа изјава за приватност е соствен дел на Правилникот за начинот на вршење на видеонадзорот.