Основната стратешка определба на компанијата “ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ е да биде препознаена по квалитетот на услугата, логистиката и дистрибуцијата во делот на Дистрибуција, логистика, складирање и продажба на големо и мало на тутунски производи и несогорливи алтернативи на цигари, телекомуникациски производи и Трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалоци и тутун.
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ има воспоставено мисија и визија:
МИСИЈА
Да бидеме посветени и да обезбедиме најдобра дистрибуција и логистика во дистрибуцијата. Да испорачаме најлесно снабдување на клиентите на пазарот со производи со висок квалитет и долгорочни односи со нашите деловни партнери. Да ја направиме набавката најбрза, со полесно и најпријатно можно искуство – овозможено со пионерските идеи од нашите вработени. Да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга на потрошувачи во малопродажните места.
ВИЗИЈА
Да станеме најдобар дистрибутивен центар во регионот со широко портфолио на производи ВИА Експанда
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ тоа ќе го постигне со:
– Опсервирање и разбирање на целта и контекстот на организацијата и усогласување на Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на стандардот ISO9001;
– Воспоставување на цели на Системот за управување со квалитет (QMS) и план за нивна реализација;
– Почитување на барањата на купувачите и на применливите законски барања;
– Постојано проучување на потребите и очекувањата на заинтересираните страни со цел истите да се разберат и на нив организацијата да се прилагоди;
– Постојано одговарање на барањата на клиентите и зголемување на задоволството на клиентите;
– Организирање на сите активности во организацијата како мрежа на процеси со јасно дефинирани влезни и излезни елементи во кои сите имаат соодветни обврски кои мораат да ги исполнат, односно со кои мораат во потполност и во секој момент да управуваат;
– Земајќи ги предвид ризиците и можностите при донесувањето одлуки;
– Постојано подобрување на сите процеси, услуги во насока на постојано подобрување на Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ISO9001.
Сите вработени, на чело со највисокото раководство, согласност барањата на ISO9001, ќе ги почитуваат и ќе ги применуваат горенаведените начела во својата секојдневна работа, свесни за тоа дека успехот на организацијата зависи од истите.
Одржувањето и постојаното подобрување на воспоставениот Системот за управување со квалитет (QMS), организацијата го разбира како приоритет.
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ врши периодични прегледи на политиката за квалитет и Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ISO9001 со цел истата да биде усогласена со целите, контекстот на организацијата и секогаш да биде од големо значење и соодветна за организацијата.
Политиката за квалитет е соодветно пренесена и разбрана од сите вработени во “ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“. Политиката за квалитет е јавна и достапна за сите заинтересирани страни.