info@expanda.com.mk
ul. Vangel Nechevski br. 26 Vizbegovo,
1000 Skopje, North Macedonia
Права на субјектот на лични податоци
Идентитет и контакт на податоците на Контролорот:
Назив: ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје
Седиште: ул.Вангел Нечевски бр.26
e-mail: info@expanda.com.mk
Контакт податоци за офицерот за заштита на личните податоци:
Име и презиме: Павлина Димовска
Тел.број: 070245434
e-mail: – pdimovska@epicentar.com.mk
Нашата визија за заштита на личните податоци
ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје, посветува големо внимание на заштитата на личните податоци во целокупното своето работење, имплементирајќи ги стандардите поставени со прописите за приватност и заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, кои се подетално разработени во интерните Политики и процедури кои го сочинуваат системот на заштита на лични податоцина ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје
Политиката за приватност е објавена на нашата интернет страна: www.expanda.com.mk
Цели и правен основ за обработка на Вашите лични податоци Права на корисниците Корисниците-субјекти на лични податоци имаат право:
Во продолжение, следува подетално појаснување во однос на овие права:
Барањето за пристап до податоците се доставува во писмена форма во некој од продажните салони на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје или се пополнува на некој од дигиталните канали на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје.
ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје е должен да одговори на корисникот во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, при што нема обврска повторно да одговори на исто или слично негово барање, ако во меѓувреме нема промени во неговите лични податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Доколку корисникот не добие одговор на барањето за пристап до лични податоци, може да поднесе барање за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци.
Корисникот има право да бара дополнување, изменување, бришење или запирање на користењето на неговите лични податоци.
По барање на корисникот, ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје е должен да ги дополни, измени, избрише или да го запре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност созакон. Независно од тоа дали корисникот има поднесено барање за дополнување, изменување или бришење на личните податоци, доколку ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише. ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје е должен најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето, писмено да го извести субјектот на лични податоци за направените дополнувања, измени или бришења
Рокови на чување на Вашите лични податоци
Податоците кои се обработуваат од страна на ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје за цели на остварување на вашите права ќе се чуваат согласно законските рокови, а податоците кои се обработуваат согласно дадена согласност ќе се чуваат се до повлекување на Вашата согласност за нивна обработка за наведената цел.
Кои се Вашите права?
Со цел да ги остварите Вашите права кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право напристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на Вашите лични податоци, приговор и преносливост),упатете барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: pdimovska@epicentar.com.mk
Доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци пред Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на личните податоци кои Друштвото за производство, промет и услуги ЕКСПАНДА ДООЕЛ увоз -извоз Скопје (во натамошниот текст: Контролор) ги собира од вработените, клиентитите и посетителите при влез и посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
Зошто се собираат и обработуваат лични податоци?Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини :
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места. Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага. Камерите за видеонадзор се инсталираат и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот - дворното место и паркинг простор.
Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање. Контролорот е субјект кој ја врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Никола Симонов, вработен кај контролорт е лице за контакт и одговорно лице за видеонадзорот.
Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци. На влезот на ЕКСПАНДА ДООЕЛ има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
Контролорот користи опрема за видеонадзор за :
Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор. До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на овластеното лице – управителот на друштвото .
Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на следната маил адреса: info@expanda.com.mk
Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје.
Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи.
Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање до Контролорот кога обработката е незаконска.
Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
Што можам да направам во случај на проблем?
Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот. Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина. Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.
Оваа изјава за приватност е соствен дел на Правилникот за начинот на вршење на видеонадзорот.
Основната стратешка определба на компанијата “ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ е да биде препознаена по квалитетот на услугата, логистиката и дистрибуцијата во делот на Дистрибуција, логистика, складирање и продажба на големо и мало на тутунски производи и несогорливи алтернативи на цигари, телекомуникациски производи и Трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалоци и тутун.
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ има воспоставено мисија и визија:
МИСИЈА
Да бидеме посветени и да обезбедиме најдобра дистрибуција и логистика во дистрибуцијата. Да испорачаме најлесно снабдување на клиентите на пазарот со производи со висок квалитет и долгорочни односи со нашите деловни партнери. Да ја направиме набавката најбрза, со полесно и најпријатно можно искуство - овозможено со пионерските идеи од нашите вработени. Да обезбедиме најдобра и најквалитетна услуга на потрошувачи во малопродажните места.
ВИЗИЈА
Да станеме најдобар дистрибутивен центар во регионот со широко портфолио на производи ВИА Експанда
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ тоа ќе го постигне со:
Сите вработени, на чело со највисокото раководство, согласност барањата на ISO9001, ќе ги почитуваат и ќе ги применуваат горенаведените начела во својата секојдневна работа, свесни за тоа дека успехот на организацијата зависи од истите.
Одржувањето и постојаното подобрување на воспоставениот Системот за управување со квалитет (QMS), организацијата го разбира како приоритет.
“ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“ врши периодични прегледи на политиката за квалитет и Системот за управување со квалитет (QMS) во согласност со барањата на ISO9001 со цел истата да биде усогласена со целите, контекстот на организацијата и секогаш да биде од големо значење и соодветна за организацијата.
Политиката за квалитет е соодветно пренесена и разбрана од сите вработени во “ЕКСПАНДА ДООЕЛ Скопје“. Политиката за квалитет е јавна и достапна за сите заинтересирани страни.